Warning: session_start(): Cannot start session when headers already sent in /home/travelg1/public_html/beautyshop/inc/vars.php on line 2
Дали е пронајдена познатата Килибарна соба?

Статии и Совети

Дали е пронајдена познатата Килибарна соба?

Додадена на: 26.03.2019

Германски истражувачи веруваат дека ја нашле легендарната Килибарна соба, која се смета за највредно парче уметност кое е украдено од Нацистите во текот на Втората светска војна.

Панелите од килибар, украсени со злато, му беа подарени на рускиот Цар Петар Велики во 1716 година, а нивната вредност се проценува на 250 милиони евра.

Откако беше украдена, мистеријата за локацијата на оваа соба продолжува во последните 70 години.

Сега, тројца ловци на богатство велат дека серија од траги ги довела до откритие дека Килибарната соба е скриена во мрежа од тунели под една пештера во Рудните планини, Источна Германија.

Леонард Блум, 73, Питер Лор, 71 и Гунтер Екхардт, 67, испитувале извештаи од сведоци заведени од Источно-Германската полиција и од КГБ, а потоа искористиле радар за да дознаат што има во тунелите под таканаречената Пештера на Принцот, надвор од Хартенштајн, град близу Чешката граница.

“Откривме многу голем, длабок и долг систем од тунели и детектиравме нешто за кое мислиме дека е стапица”, вели Блум.

“Докази за експлозија во тој дел, се поклопуваат со изјавите на сведоци дека цела пратка на панели била скриена во тунелите а потоа влезот бил дигнат во воздух за да се сокријат”, вели тој.

И покрај ваквото откритие, тројцата истражувачи неможат да продолжат со понатамошни испитувања на местото, заради недостаток на парични средства.

Додека Историчарите се поделени во мислењата за судбината на Килибарната соба, таа сеуште не е пронајдена. Едни веруваат дека панелите биле уништени при напад на Конигсберг (денешен Калининград), додека според други, тие биле уништени од Советските војници на крајот на војната. Секако има и трети кои веруваат дека собата уште постои и е сокриена некаде, па останува само да се пронајде нејзината локација, за која има многу шпекулации.