Килибар, минерал познат под многу имиња како BYRSZTYN BALTYCKI, SUCCINUM, ELEKTRON, AMBER, BERNSTEIN, AMBRA, KERBA, JANTAR, RAV, GINTARAS, GINTARAS KEHRIBAR, БУРШТИН, BOROSTYAN, SUKCENO, MERIPIHKA, CHIHLIMBAR, ĆILIBAR... е фосилизирана смола од иглолисни дрвја Pinus Succinisera која настанала во природни услови пред повеќе од 50 милиони години.
Тоа е капка во времето во која се врзани тајните на праисторијата и божествената природа и нивната супериорна сила искажана во неверојатни бои и нијанси. Почитуван како скапоценост од дамнешни времиња и денес килибарот е предмет на восхит поради својата убавина, лековитост и дури волшебни особини. Во терциерниот период на олигоценската епоха (го опфаќа временскиот распон од пред 33.9 до 23 милиони години ), од oгромните четинари ( Pinus succinifera ) во густите шуми во некои делови на светот, почнала да тече леплива смола која навлегувала во внатрешните пукнатини на дрвјата собирајќи со себе разни остатоци како лисја, пердуви, инсекти, семиња. |
Како што напредувал геолошкиот развој овие дрвја паднале и биле носени од реките до крајбрежните региони .Тука дрвјата и нивните смоли биле покриени со седименти и со текот на милиони години се претвориле во килибар. Килибарот е фосилизирана смола на прастарите дрвја формирана преку природна полимеризација на оригиналните органски соединенија. Повеќето од килибарот кој денес постои е стар меѓу 30 и 90 милиони години, додека балтичкиот е стар меѓу 35 и 40 милиони години .
Најновите проучувања на хемискиот состав на килибарната смола покажале дека балтичкиот килибар настанал со фосилизација на смола која е многу слична со смолата на денешните џиновски дрвја од родот agathis (Dammara australis), кои растат во Југоисточна Азија и во Нов Зеланд.Во природна состојба балтичкиот килибар денес се наоѓа во крајбрежниот појас на Балтичкото Море, особено на неговите југоисточни брегови долж т.н. „ килибарен брег“
Xhttp://www.youtube.com/watch?v=ixnW_qWVS54.
Освен на балтичките брегови на Полска и Русија, килибарот може да се најде во Доминиканска Република, Сицилија, Романија, Бурма, Северна Америка и Мексико.