Статии и Совети

Најголемо светско уметничко дело направено од килибар...дали некогаш ќе биде пронајдено?

Додадена на: 05.02.2013

Едно од најуникатните изгубени богатства на сите времиња не се состои ниту од злато, ниту од сребро или од скапоцени камења туку од преку 6 тони килибар.

Наречена осмо светско чудо според сите оние кои ја виделе, килибарната соба била една од најубавите и најлуксузни простории што некогаш се изградени. Огромната сала и нејзините џиновски sидови биле обложени со панели украсени со преку 100 000 парчиња чист, обработен килибар.

Sидните панели обложени со врвно дизајниран килибар, украсени со скапоцени камења, со огледала во бесценети рамки, врз подлога од лиснато злато и со четири величествени Фиренца-мозаици , претставуваат највредна колекција на килибар што било кога постоела. Да беше зачувана, се проценува дека килибарната соба денес би чинела повеќе од  250 000 000 долари.

Оригиналната соба од килибар е направена во 1701 год. во Конигсберг (денешен Калинград), по налог на првиот Пруски крал Фридрих I за неговиот дворец во Берлин.

                    

За време на големата реконструкција на кралската палата во Берлин по наредба на Фридрих I германскиот барокнен архитект и скулптор Андреас Шлутер добил идеја за уредување на една од собите во палатата да го употреби килибарот, материјал кој до тогаш не се користел за декорација на ентериери.На инсистирање на Софи Шарлот втората жена на Фридрих I, кралот дал зелено светло за почеток на работите на Килибарната соба. Оваа несекојдневна идеја била лесно изводлива бидејќи во кралските магацини била депонирана огромна колекција на килибар.

Андреас Шлутер го повикал Готфрид Волфрам да работат заедно на килибарната соба. Волфрам бил главен килибарен занаетчија на дворот на данскиот крал Фридрих IV. Во април 1701 год. Волфрам доаѓа во Берлин со препорака од данскиот крал и почнува со работа. Оригиналниот проект на килибарната соба бил дојден едвај до половина бидејќи Андреас Шлутер бил отпуштен и после тоа го напуштил Берлин.Негов наследник на местото главен архитект бил Еосадер Ван Гете, но и тој наскоро бил отпуштен поради лошата соработка со килибарниот мајстор.

После ова кралот одлучил работите да продолжат во самиот Дворец Шарлотенбург во Берлин, така што сите килибарни фрагменти што дотогаш биле изработени се испратени таму. Во 1707 год. почнуваат работите од завршната фаза на килибарната соба со двајца килибарни мајстори, Gottfried Turau и Ernst Schacht од Danzig (денешен Гдањск, Полска). Оваа завршна фаза траела скоро 5 години. Во 1713 год. кралот Фридрих I умира и тогаш запираат сите работи на килибарната соба.

Продолжува......