Warning: session_start(): Cannot start session when headers already sent in /home/travelg1/public_html/beautyshop/inc/vars.php on line 2
Неколку совети при купување детско килибарно ѓерданче

Статии и Совети

Неколку совети при купување детско килибарно ѓерданче

Додадена на: 30.01.2018

1.Не купувајте од непроверени интернет страници. Купувајте само од искусни продавници или занаетчии кои се специјализирани за балтички килибар. Дури 99% од  продавачите на килибарен накит се необразовани, дезинформирани или едноставно многумина не го разбираат производот што го продаваат.

2.Бидете сигурни дека килибарниот ѓердан е направен од вистински балтички килибар, а не копал или било која друга ефтина копија од производот, побарајте сертификат како доказ за автентичноста на килибарот.

3.Немојте да купувате килибарни ѓерданчиња од Колумбија, Мадагаскар или Кенија. Овие географски области имаат богати рудници за копал, но не и вистински килибар.

4.Не купувајте копал, тој не е стар колку што е килибарот и воедно ги нема истите својства и дејство. Можете да проверите дали вашето ѓерданче е изработено од копал или килибар преку триење со растворувач како ацетон или алкохол. Копалот омекнува и почнува да се лепи кога се трие со растворувачот, додека вистинскиот килибар ќе остане ист и растворувачот едноставно ќе испари.

Слика бр.1 килибар (лево) и копал (десно)

5.Природниот балтички килибар доаѓа во различни бои и тонови. Бидејќи килибарот е природен материјал, очекувајте неконзистентност на бојата на монистрата. Вообичаени бои на балтичкиот килибар се медовата, коњак, темна вишна, зелена и сина. Боите како што се пастелните или пак многу јасни светли и темни укажуват на тоа дека станува збор за пластика или некоја друга копија која не е килибар.

6.Кога купувате накит, осигурајте се каква е политиката за купување на продавачот во однос на враќање, поправка или замена.

7.Барајте меко заоблени топчиња кои ќе лежат удобно на кожата на детето. Треба да се овозможи максимален контакт со кожата што ќе придонесе за дополнителна удобност на вашето дете. Со цел килибарот да ја ослободи супстанцата која ќе му помогне во смирување на болката на вашето дете, мора да се стави директно на неговата кожа. Сепак, исто така важно е да се осигура детето  да не си игра со ѓерданчето, па затоа е препорачливо ставање на ѓерданчето под облеката на детето.

Слика бр.2 Килибарно ѓерданче од Beauty Shop

8.Топчињата килибар треба да се мали за во најлош случај на проголтување да се намали ризикот од задушување (со помали топчиња, помал е ризикот). Бидејќи ѓерданчето е направено од мали килибарни топчиња и лесно може да стане опасна играчка во рацете на детето, многу е важно да го надгледувате вашето дете секогаш кога тој или таа го носи ѓерданчето.

9.Секое топче на килибарното ѓерданче треба да е одвоено со чворчиња, како не би дошло до испаѓање на сите, доколку се скине едно топче.

10.Идеалната должинна на килибарното ѓерданче треба да е од 30 до 40 см. Поради тоа нашите ѓерданчиња се долги 33 см и секое топче е двојно заврзано што го прави безбедно и идеално за употреба.

11.Одбегнувајте магнетно закопчување или пак закопчување со куки (машко - женско). Така детето може ланчето лесно да го откопча и загуби, затоа најидеално е ѓерданчето да се закопчува со навртување.

12. Избегнувајте да го  купувате на попуст! Ако продавачот нуди килибарен накит за цена многу пониска од пазарната цена, тврдејќи дека е чист балтички килибар, едноставно продолжете и игнорирајте го тоа. Многу продавачи ќе го искористат недостатокот на знаење на купувачот. Такви зделки не постојат, додека измамите да.