Warning: session_start(): Cannot start session when headers already sent in /home/travelg1/public_html/beautyshop/inc/vars.php on line 2
Нови видови на оси пронајдени во доминиканскиот килибар

Статии и Совети

Нови видови на оси пронајдени во доминиканскиот килибар

Додадена на: 30.06.2021

Пронајдени се четири нови видови на Evaniidae паразитски оси, сочувани во смола стара 25 милиони години, фосилизирана во килибар во Доминиканска Република и Мексико.

„Некои видови оси  се користат дури и за истребување на лебарките во зградите“, - вели истражувачот на Државниот универзитет во Орегон, Џорџ Поинар Jуниор, чие откритие е објавено во „Историја на биологијата“.

Според нашите истражувања, овие оси постоеле и пред 20, 30 милиони години, а моментално постојат 400 видови на оси од видот Evaniidae, поделени на дваесет родови. Живеат насекаде, освен во поларните предели. Нивната големина изнесува од 5 до 7 милиметри.

Женката од овој вид од оса го положува своето јајце во јајцето на лебарката, па кога ќе се изведе ларвата, го конзумира јајцето на лебарката.

Откриенот килибар припаѓа на геолошката ера Кенозоик, која започнала пред 65 милиони години и трае се до денес. Ниту една лебарка не била откриена во килибарите, но до една од осите биле пронајдени три летечки термити. Возможно е термитите да го делеле гнездото со лебарките, па тоа ги привлеко осите.” – вели Поинар.

 

 

Извор: https://www.europapress.es/ciencia/ruinas-y-fosiles/noticia-nuevas-especies-avispa-insignia-halladas-ambar-dominicano-20200928171815.html