Warning: session_start(): Cannot start session when headers already sent in /home/travelg1/public_html/beautyshop/inc/vars.php on line 2
Полжав заробен во килибар откако се размножил пред 99 милиони години

Статии и Совети

Полжав заробен во килибар откако се размножил пред 99 милиони години

Додадена на: 30.06.2021

Пред 99 милиони години, еден полжав се размножил со пет малечки полжавчиња. Веднаш по среќниот момент, мајката – (полжавите се хермафродити), сфатила дека ги очекува неволја па ги поткренала антенитe во истиот момент кога смолата ги фосилизирaла. Требало да помине цело ова време за нивната приказна да биде чуена, а зачудувачки е и фактот дека нивните малечки тела се импресионирачки не само поради времето во кое што биле фосилизирани туку и тоа што нивните меки ткива биле речиси неоштетени, што е права реткост кај фосилизираните полжави. Парчето било откриено во еден рудник на северот на Мјанмар од страна на екипата предводена од Адриен Јокум од Институтот за истражување Сенкенберг. „Откривме тело и школка од копнен исклучително добро одржан полжав веднаш по неговото размножување.”

Истражувачите ги базираат своите истражувања правејќи слики со висока резолуција имикро-компјутер томографија, која што откриле дека школката на мајката - полжав била со должина од 11 милиметри. Иако повеќето полжави се јајцевидни, постојат примероци од копнени полжави  кои ги задржуваат јајцата во себе се додека не се скршат. Овој полжав наречен Cretatortulosa gignens, бил вивипарен со цел да ги заштити своите малечки од предаторите во тропските шуми од Креда периодот, велат истражувачите. Според истражувачите, фосилот нуди информации во врска со екологијата и однесувањето на полжавите кои што живееле пред 99 милиони години. ,,Ако се базираме на откритието, не само што можеме да дојдеме до заклучоци во врска со морфологијата и палеокологијата на животните, туку сега исто така знаеме и дека постоеле вивипарни полжави во Креда периодот” – вели истражувачот.

 

 

Извор: https://www.abc.es/ciencia/abci-hallan-caracol-hace-99-millones-anos-quedo-fosilizado-ambar-despues-202106110057_noticia.html