Терминот “Балтички килибар” се однесува на килибарот најден во Балтичкиот регион во земјите Германија, Русија и Полска. Овој вид на килибар е стар повеќе од 40 милиони години и содржи сукцинска киселина поради која Балтичкиот килибар е познат и како “сукцинит”. Балтичкиот регион до денес е најдобриот пазар за килибар, како за квантитет така и за квалитет.
Проценката за вредноста на килибарот е одредена главно од неговата боја. Јасноста на смолата исто така игра улога меѓутоа не секогаш оди правопропорционално со цената на килибарот, додека третирањата на килибарот за подобрување на неговиот изглед се доста чести но не е задолжително дека ќе ја намалат неговата вредност.
Бојата на килибарот.
Најчестите бои на Балтички килибар се светло до средно-темна жолта боја (позната како лимон или медова боја). Постојат и потемни бои кои имаат повеќе кафеава или црвеникава нијанса, а некои парчиња се дури бели и непрозирни. Балтички килибар со сина или зелена боја исто така постои но овие бои се многу, многу ретки поради што нивната цена е доста висока.
Најголема вредност на Балтичкиот килибар се медова, коњак и црвената боја. Воглавно, пожелни се потемните бои, додека посветлите не се толку ценети.
Слика 1. Темен килибар (лево) и светол килибар (десно)
Јасност на килибарот
Балтичкиот килибар варира во јасноста, а парчињата можат да бидат од транспарентни до целосно матни. Околу 10% од килибар се транспарентни, а поголемиот дел парчиња од овој вид се многу мали. Големи транспарентни парчиња се особено ретки и вредни. Оваа боја на килибар всушност може да се смета како примарна (бојата на свежа смола). Смолата откако се формирала, останала да тече на темни места и поради тоа испарливите компоненти на смолата испарувале полека и не ја замаглиле со меурчиња што довело до тоа смолата да остане транспарентна. Нијансата на транспарентност може да варира од жолтеникава до темно црвеникава, зависно од степенот оксидација.
Обично појасните парчиња се повеќе барани за разлика од оние со помала јасност и имаат многу висока вредност на пазарот.
Како и да е, ова не значи дека ситните недостатоци кои ги има килибарот ќе бидат проблем. Напротив, доколку тие покажуваат дека парчето е автентично и античко, дури може и да ја зголемат неговата вредност.
Слика 2. Транспарентен килибар (лево) и целосно матен (десно)
Третирање на килибар
Балтичкиот килибар често подлежи на третмани за да се добие посакуваната боја или да се подобри неговата јасност, но овие процеси не влијаат на неговата автентичност.
Најчесто користен метод за промена на изгледот на килибарот е загревањето, што обично дава трајни резултати. Некои производители ја менуваат бојата преку покривање со слоеви друга боја, но резултатите не се долгорочни.
Бидејќи килибарот некогаш се ископува во мали парчиња, по потреба производителите ги топат и ги пресуваат заедно за да се добие поголемо парче. Пресуваните парчиња се со пониска цена од оние кои се со иста големина, но не се пресувани, а исто така и се помалку издржливи на притисок.
Најскапи парчиња килибар
Пред 24 милиони години, кралица мравка во момент на парење била фатена во смола и до ден денес останала зачувана во едно парче килибар. На пазарот се продава по цена од 49.900 американски долари.
Најскапо парче накит изработен од килибар со цена од 10.000 фунти е ѓердан од 40 парчиња. Високата вредност по која е продаден е поради тоа што секое парче содржи инсекти во себе.