Warning: session_start(): Cannot start session when headers already sent in /home/travelg1/public_html/beautyshop/inc/vars.php on line 2
За Beauty Shop - Beauty Shop

BEAUTY SHOP е бренд формиран во 2005 година со цел на македонскиот пазар да понуди нова модерна палета на производи за едноставен и ефикасен изглед, конкретно да го понуди најдоброто од трговската индустрија на Полска.

Мисија

    На пазарот во Македонија да понудиме производи за нега и убавина од брендирани и сертифицирани имиња со пристапни цени, како и оригинален и сертифициран накит од балтички килибар.

Визија

    Подобрување на квалитетот на животот, овозможување на луѓето да се чувствуваат подобро и негата на телото да не биде привилегија на одредена категорија население туку навика на секоја современа жена.

Мото

    Вашата убавина започнува тука.

Зошто се одлучивме за полските брендови?

    Веројатно секој од нас купил некој скап производ кој не ги исполнил очекувањата и некој поефтин кој ги надминал истите. Накратко, иако би требало да биде за жал цената веќе не е мерило за квалитет. Повеќето од нас имале искуство со одреден „чудесен“ производ кој не донел ништо освен празен паричник. Денес повеќето истражувања кои потврдуваат дека одреден производ има конкретен ефект, потекнуваат од производителот на истиот производ а не од некои независни институти.

    Накитот како неизбежен дел од стилот на секој жена, беше причина да го одбереме и откако ги исполнивме критериумите, на пазарот во Македонија да го донесеме лидерот на полскиот килибарен пазар и најголем светски производител на килибарен накит S&A Bursztynowa Bizuteria и уникатниот рачно изработен накит за деца и возрасни од Amber Abram. Накитот на S&A и Amber Abram изворедно го комбинира оригиналниот балтички килибар со 18 каратно злато и сребро со чистота од 925, со детали од дрво, сваровски кристали и други природни елементи.

    Се стремиме да ги задоволиме нашите клиенти фокусирајќи се на нивните барања и желби, понудувајќи беспрекорен сервис со препознатлива човечка нота во комуникацијата и професионалност. Голем број купувачи кои се одлучија да го користат нашиот асортиман на производи се потврда за квалитетот кој го нудиме. Сите производи кои ги имаме во нашата понуда кореспондираат со најновите стандарди за квалитет и се во согласност со сите релевантни регулативи и кодекси. Производите доаѓаат во оригинални пакувања, со комплетна документација со што го гарантираме нивниот квалитет и ги запазуваме соодветните стандарди (GMP нормативите, ISO стандардите и др.) се со цел крајно задоволство на нашите купувачи.

    Производите се лесно достапни во било кој дел од Република Македониjа, со достава до дома и во аптеките во Скопје.