Warning: session_start(): Cannot start session when headers already sent in /home/travelg1/public_html/beautyshop/inc/vars.php on line 2
Инсекти заробени во килибар (трет дел)

Статии и Совети

Инсекти заробени во килибар (трет дел)

Додадена на: 16.02.2018

Ова е доста невообичаено парче од килибар кој веројатно нема да се види повторно, во него може да се забалежи заробено јајце од лебарка заедно со уште неколку мали инсекети. 

                                               

Веројатно никогаш повторно нема да видите прашкаста мува како летаат, но во овој килибар има еден примерок крилата се прекриени со ситен белузлав прав. Основите на секој пар на нозе се споени под стомакот, овие инсекти се кревки и ретко се наоѓаат.   

                                 

Ова е фасцинантно парче килибар тежи 66 грама, има црвена нијанса во него и е околу 6.35 x 5 x 2.54 cm во големина. Дел од килибарот е со полн лист, но исто така има еден пар нозе од гуштер заедно со опашката во овој чиапански килибар.

Тингидае се семејство на мали инсекти од родот Хемиптера, кои вообичаено се нарекуваат бубачки со чипкани крила. Тие се нарекуваат така порад итоа што предните крила на возрасните имаат деликатна испреплетена и сложена мрежа.

Овие инсекти се штетни за растенијата, бидејќи се хранат со долните страни од лисјата првејќи дупка на епидермисот и цицајќи го сокот. Тогаш празните ќелии им даваат на лисјата бронзена или сребрена боја. Секоја од овие бубачки обично го завршува целиот свој животен циклус на истото растение, ако не е и на истиот дел од растението. Тие се многу ретки во Доминиканскиот килибар.

Секој има потреба од гуштер во својата колекција, во ова парче килибар имаме  една нога и поголемиот дел од опашката, ова е особено убав примерок. По деталите на кожата изгледа како вчера да починал. Килибарот не е целосно полиран и затоа изгледа уште подобро.

Ова е едно посебно парче на него не само што има прекрасен женски комарец, туку обликот на килибар е многу уникатен. Не само тоа, туку има и област на ова парче што има неправилности. Корените се на површината на килибарот, не внатре. Исто така има и ларвална форма на непознати бубачки. Комарците се членови на фамилијата Цулицидае. Инсектите, кои припаѓаат на ова семејство, поседуваат спарени крилја, тенки тела и долги нозе. Тие припаѓаат на Диптера ("вистински муви"). Сепак, комарците се слични на муви. Разликите меѓу двата инсекти вклучуваат: деталите и формата на крилјата на комарци, подолги нозе и женките комарци поседуваат долг дел од устата наречен пробосцис кој женката, го користи за прободување на кожата на жртвата. Мажите немаат пробосицс – така да кога ќе не касне комарец,  тоа е женка. Да се ​​најдат комарци во килибар е многу ретка појава. Комарците не се привлечени од аеромичните соединенија кои се наоѓаат во смолата (килибар). Како што е познато, комарците се привлечени од мирисот на цицачите, а не  на хемиски ароми на дрво. Ова е килибар од местото Чиапас во Мексико.

Во светот денес има само 50 или 60 скорпии во килибар. На сликата е прикажана  една од најубавите скорпии некогаш пронајдени, со малку отворени клешти и подигнат бодеж. Нејзиното тело е околу 18 cm долго. Пред парењето, мажот и жената ги ставаат своите клешти и се движат напред и назад како да танцуваат. Кога мажјакот ја испушта капсулата на спермата, женката го зема и ја одржува за оплодување. Тие примероци често се носат на грбот на мајките додека не станат зрели. Ова е килибар од Мексико, најден во рудници Симојовел.

Стоногалките во Домениканскиот килибар се многу ретки. Ова е совршен стоножник од класа Чилопода, Геофиломорфа. Тоа е речиси како да е поставена стоножка за да изгледа тоа да биде, овој стоножник е долг над еден сантиметар.

Ова парче е прилично ретко и доаѓа од паразитска ларвална форма која живее само во пајаци. Не е само ретко - ова е и совршено парче. Сите познати видови се внатрешни паразити на пајаци. Возрасните живи форми можат да се најдат во вегетативни или шумски предели кога женките се обично во потрага по пајак домаќин или при хранење со нектар од цвеќе. Животот на возрасните е многу краток (обично само 1 недела). Ларвите вклучуваат пладидијален прв инстант кој активно го бара домаќинот веднаш по испирањето од јајцето. Ларвите минуваат низ 4 инстанци пред да го најдат домаќинот и да се вгнездат. Ако не сте претпоставиле, ова е многу ретко животно во Доминиканскиот килибар (исто така и во балтичкиот килибар).

Во ова парче килибар имаме 2 камшести скорпии и двата се од рудниците Ла Тоца. Оваа камшеста скорпија е малку помала и килибарот е малку помал. Исто така има и мал пајак, од непознат ланец.

Ова е прекрасно парче килибар со одличен лист. Всушност, еден од најдобрите што може да се видат. Постои мала цикада и непознат инсект во близина на листот, ова е навистина фино парче.