Warning: session_start(): Cannot start session when headers already sent in /home/travelg1/public_html/beautyshop/inc/vars.php on line 2
Заробени во времето: Најстарите фосили најдени во килибар (прв дел)

Статии и Совети

Заробени во времето: Најстарите фосили најдени во килибар (прв дел)

Додадена на: 16.02.2018

Многу често, некои неверојатно убави и деликатни суштества се наоѓаат во килибарот. Тоа може да бидат микроскопски фосили на изумрени планктони или пак речиси целосен скелет на диносаурус. Потоа тука се и фосили кои покажуваат изненадувачки степен на комплетна, реална слика на времето од пред милиони години. Колекционерите и научниците имаат најдено не само инсекти во килибар туку и животни како гуштери, жаби и саламандери и тоа со фасцинантни детали. Кожа, лушпи, крзно и пердуви се само некои од неверојатните детали најдени во килибарот, а може да се најдат инсекти или растенија во моменти на размножување.

Како и да е, единственото нешто што килибарот неможе да го сочува е ДНК на суштествата кои се заробени па за жал не е можно да се клонираат овие суштества. Меѓутоа ни овозможува да ја дознаеме еволуцијата на многу инсекти и мали животни со тоа што се сочувани од пред 20 милиони до 230 милиони години.

Во продолжение Ви претставуваме некои од најстарите и најсочувани фосили во килибар:

 

1. Шкорпија, стара 20 милиони години

Редок вид на машка шкорпија е пронајден неодамна во парче чиапански килибар, Мексико. Датира од Миоценското доба односно е старо 23-15 милиони години. Фосилот припаѓа на групата Титус апозонали, блиско поврзан со други Неотропски фосилни видови.

 

2. Болва носител на чума бактерија, стара 20 милиони години 

Познато е дека чумата во Средниот век има однесено многу животи во Европа, но оваа бактерија постоела многу пред тоа, дури и пред еволуцијата на човечкиот род. Др. Џорџ Поинар ја има пронајдено оваа болва во парче килибар ископано во Доминиканската Република кое е старо 20 милиони години. Со оглед на бројот и различноста на инсекти најдени во килибар, не е многу чудно тоа што е најдена болва, но чудното е тоа што подоцна научниците откриле дека таа всушност е носител на чума. Дискутабилно е дали се работи за истата бактерија која се појавила во поново време имајќи во предвид дека неколку видови од болеста еволуирале и изумреле со тек на време, но сепак несомнено е дека таа била смртоносна. Бактеријата била пронајдена во капка крв која останала во устата на болвата што укажува на тоа дека се пренесувала исто како во денешно време – преку шмукање на крвта на жртвата. Времето на пронајдокот не води до сознание дека ова се случувало некаде во Раната Миоценска Епоха. Во овој период Доминиканската Република била прекриена со густа тропска шума.

 

3. Првиот саламандер во килибар, стар 20 милиони години 

Саламандерите во денешно време не се присутни на Карибите, но килибарот несомнено зачувал еден дури од Раниот Миоценски период. Со оглед на тоа дека едната нога му е изгризана пред да падне во смолата, најверојатно бил нападнат од некаков предатор и бегајќи влетал во смолата и така останал дури 20 милиони години.

Др. Џорџ Поинар и неговиот тим го истражувале овој фосил и велат дека саламандерот е познат како Палеоплетодон хиспаниоле, близок роднина на денешните Апалачини и е веќе изумрен вид. Дури и дрвото од кое доаѓа смолата има поголема сличност со Источно Африканските дрвја отколку со било кое на Карибите. Иако од овој пронајдок неможе да се добијат повеќе информации за тоа како еволуирал животот на овие острови, теоријата е дека овие суштества се населиле на овој остров преку океанот, а изумреле поради климатските промени.

 

4. Мравка со паразитска грина, стара 49 милиони години 

Дури и инсектите можат да имаат паразити, а еден од најсмртоносните инсектни паразити е вид на грина наречен Вароа, кој напаѓа пчели и оси. Овие мали суштества имаат округли тела и се неверојатно брзи а посебно кога бараат носител. Толку се моќни што можат да уништат цела колонија на пчели наеднаш, ширејќи се низ кошницата многу брзо. Во парче килибар е пронајден антички еквивалент на оваа грина, со слични карактеристики на Вароа грините, но за малку не успеала да го нападне својот плен. Голема е само 0,7 милиметри, што е околу максималната големина која ја достигнуваат.

Др. Џејсон Дунлоп, арахнолог кој што го изучувал ова парче килибар открил дека грината е член на неверојатно широко распространетата група Мирмоцеркон, вид кој всушност е многу чест и денес. Неговата жртва била мравка, идентификувана како Ктенобетилус гоеперти. Инсектите се најдени во парче Балтички килибар во Саксонија, Источна Германија кое потекнува од периодот пред 49-44 милиони години. Оваа форма на килибар е наречена сукцинит и често е од борови дрвја. Балтикот е дом на најобемниот депозит на килибар и повеќето датираат уште од Еоценското време. 

 

5. Пајак жетвар, стар 99 милиони години 

Ова парче килибар пред 99 милиони години заробило млад пајак жетвар. Пронајден е во шумите во Хукаунг во Мјанмар на возраст од само неколку месеци. Младиот арахнид е дел од видот Халитхерсес грималди, од фамилијата пајаци. Интересно за овој пронајдок е тоа што пајакот бил заробен со ерекција и така останал до ден денес. Др. Дунлоп, пронаоѓачот и истражувачот кој го истражувал, смета дека ерекцијата настанала постмортално заради напливот на крв во моментот кога бил прекриен од смолата.

Погледнете уште неколку примероци од најстарите фосили кои останале заробени во смолата на следниот линк.